Лефков: Владата ја крие листата на прехранбени производи кои ќе поскапат со покачувањето на ДДВ, иако викаат дека се луксузните таму има и основни производи

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска гостуваше во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител телевизија, каде што меѓу другото разговараше и за законите кои се дел од, така наречената даночна реформа, законот за зголемување на ДДВ за прехранбените производи и Законот за солидарен данок кои се во собраниска процедура по скратена постапка без можност за дискусија на пошироката јавност.

Лефков посочи дека со законот за зголемување на ДДВ-то, иако власта уште ја крие листата со производи за кои ќе го дуплираат данокот, а со тоа ќе следи и покачување на нивната цена и за кои викаат дека се луксузни, се и наполитанките и бисквитите.

Додаде дека со даночната реформа која што тие ја протуркуваат, најпрвин ставаат европско знаменце и оди директно во Комисијата за европски прашања, што значи носат даночна реформа без општа расправа и без можност во таа да се вклучи пошироката јавност со што се враќаме во најцрните времиња на комунизмот каде што власта сака да го присвои и оној профит што го прават поуспешните, а при тоа заобиколуваат било какви интервенции во сивата економија.

Лефков истакна дека во Македонија имаме огромна, така наречена, неформална или сива економија, а ние сме и единствената држава во која директорот на Управата за јавни приходи е и партиски потпретседател, а тоа едно со друго не оди.

„Од друга страна имаме дуплирање на ДДВ за прехранбените производи. Владата на СДС и ДУИ е толку ненаситна во нивното трошење што во изминатите седум години потрошија 30 милијарди евра, огромен буџет над пет милијарди евра и тие сега сакаат да го дуплираат ДДВ кое што го плаќаат граѓаните за купување на наполитинки и на бисквити. Ако веќе е толку достапна листата, зошто не беше достапна пред расправата во комисијата за европски прашања, а истата ја кријат“, заклучи пратеникот Лефков.

извор: ВМРО ДПМНЕ