На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско. Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.
Related Posts
Жена од Студеничани починала во Саудиска Арабија
Триесет и тригодишна жена од скопско Студеничани почина во Медина во Саудиска Арабија, каде што отишла да го изврши верскиот…
Санкции за 146 возачи од Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На…
МВР: Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024
Министерството за внатрешни работи како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не…