Денеска (11.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело “пустошење на шуми”. Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ..
Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.