ПОКАНАТА на познатиот белградски сплав Freestyler за новогодишната прослава стана хит на социјалните мрежи. Имено, организаторите на гостите им ветиле „незаборавна забава која ќе се прераскажува“, како и „вистински спектакл“ и „многу изненадувања“.
Ništa nisu slagali pic.twitter.com/AOt1mibsV8
— Grafa (@graforiks) January 3, 2023
Со оглед на тоа што сплавот потона за време на прославата, каде веројатно имало два до три пати повеќе од дозволеното, а поради тоа биле дури и уапсени три лица, корисниците на социјалните мрежи заклучиле дека организаторите „ништо не измислуваат“.
Да потсетиме, нешто по полноќ водата почна да навлегува во сплавот, а гостите панично да бегаат. Иако на насобраните им беше кажано полека да го напуштат сплавот, еден по еден, за миг настана хаос. Во инцидентот нема загинати или тешко повредени.
Уапсени се сопственикот, управителот и директорот на сплавот – М.Љ. (52).
index.hr