Босоног маж кој во рацете носеше палестинско знаме се искачи на Кулата Елизабет, на која се наоѓа Биг Бен, во Вестминстерската палата во Лондон, Велика Британија, јавува Анадолу.
Тој од кулата го вееше палестинското знаме извикувајќи „Free, free Palestine“ (Слободна Палестина).
Службите за итни случаи, меѓу кои и Метрополитенската полиција, Лондонската противпожарна бригада и службата за брза помош, реагираа веднаш за да ја осигураат јавната безбедност.
Толпa луѓe се собра на Парламент сквер за да го следи настанот.
Инцидентот доведе до затворање на околните улици, меѓу кои и Бриџ стрит и северниот дел на Мостот Вестминистер.
Претходно, активисти од групата Палестинска акција испишаа „Газа не е на продажба“ на поранешниот терен за голф „Тарнбери“ на американскиот претседател Доналд Трамп во Шкотска, велејќи дека акцијата била директен одговор на неговиот план да го „преземе“ Појасот Газа.