Булеварот „Крал Александар“ во центарот на Белград се присутни голем број на полициски и специјални единици. Наводно бараат маж кој бил пријавен дека носи пушка.
Според неофицијални информации, нешто по 13 часот, граѓаните забележале маж со пушка на улицата и веднаш пријавиле во полиција.
– Мажот е пронајден и утврдено е дека со себе имал воздушна пушка. На полицијата и рекол дека ја носи по улица затоа што планирал да ја предаде на полицијата – вели изворот, пренесува „Блиц“.
Како што дознава „Блиц“, дежурниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград им наредил на полициските службеници да поднесат прекршочна пријава против 76-годишен старец кој на незаконски начин превезувал воздушна пушка.