Македонската компанија АТС Груп, единствена во одбранбената индустрија, денеска потпиша меморандум за соработка со МКЕ – најголемата државна одбранбена компанија во Турција. Како што беше истакнато, клучен дел од договорот е планот за отворање нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија.
Договорот го официјализираа генералниот директор на МКЕ, Илхами Келеш, и извршниот директор и сопственик на АТС Груп, Шефшет Демировски, кои рекоа дека договорот ќе даде резултат во насока на заеднички инвестиции и создавање на нови работни места.
Како што истакнаа потписниците, партнерството ќе ја зајакне позицијата на двете компании на меѓународниот пазар, со посебен фокус на Турција и Северна Македонија.
Исто така, беше кажано дека соработката ќе опфати трансфер на технологии, модернизација на производствените линии и подобрување на капацитетите, со што ќе се зголемат можностите за извоз.
Дополнително, меморандумот предвидува заеднички вложувања во истражување и развој, програми за обука и техничка експертиза.
На потпишувањето присуствуваа министрите за одбрана и надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и заменик-министерот за национална одбрана на Турција, Хеибет Муса
slobodnaevropa.mk