Македонскиот јазик во Албанија на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува секоја година на 21
февруари, за да се потсетиме на важноста од зачувување на мајчините
јазици и да се подигне јавната свест за потребата од нивна заштита.

На овој Меѓународен ден на мајчиниот јазик, мора да бидеме свесни за
важноста од зачувување на мајчиниот јазик и заштита на правата на
заедниците да го зборуваат својот мајчин јазик. Преземајќи активности за
заштита на мајчините јазици, можеме да обезбедиме секоја култура да не
го изгуби својот идентитет и да го зачува своето културно богатство.
Македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на
македонската заедница во Албаниј

Македонскиот јазик во Албанија денес се зборува во областа на Преспа
(има настава на македонскиот јазик во училиштата), во областа Голо Брдо
(имало настава на македонски јазик во годините 1945-1948), во областа
Гора, во селото Врбник, областа Девол (настава на македонски јазик
имало до 2014 година) како и во градовите Тирана, Драч, Елбасан,
Подградец, Корча, Билишта идр.
За македонската заедница во Албанија е важно да има можност да го
изучува, да го студира и да го користи мајчинот јазик без дискриминација.
Важно е да се напомене дека мајчиниот јазик е многу повеќе од средство
за комуникација. Тој го претставува идентитетот и културата на еден
народ и е богатство кое мора да се чува и заштити.
Во овој контекст, заштитата и употребата на јазикот на една заедница,
како што е македонската заедница во Албанија, е многу поголем
предизвик. Дискриминацијата и непочитувањето на мајчиниот јазик може
да доведе до негово губење.
Во овa точка државата и јавните институции имаат суштинска улога во
заштитата и унапредувањето на мајчиниот јазик. Ова може да вклучува
употреба на јазикот на зедниците во официјалните документи, во сите
нивоа на образованието, во локалните и националните медиуми, како и
финансиска поддршка за иницијативите и организациите кои работат на
зачувување и промовирање на нивниот јазик.
Освен тоа, и ние како поединци можеме да направиме промена со ценење
и користење на нашиот мајчин јазик. Mајчините јазици треба да ги
прифатиме како богат и важен дел од човечката култура. На овој начин
можеме да помогнеме да ги зачуваме и заштитиме.

 

Васил Стерјовски