Десет години по територијалната поделба направено 2014 година во областите Голо Брдо и Гора каде живее македонското национално малцинство се уште останаа неразвиени.
Во 2014 година, општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо беа укинати, за да се приклучат кон општините Булќиза и Либражд, а општините Шиштеец и Запот во областа Гора беа припоени кон Општина Кукс.
Македонско национално малцинство во областите Голо Брдо и Гора смета дека укинувањето на општините е чекор назад во почитувањето на правата на малцинствата во Република Албанија.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара Владата да предложи измени на Законот за локална самоуправа за создавање две нови општини:
- Општина Голо Брдо
- Општина Гора
Македонското друштво “Илинден“-Тирана смета дека овој демократски процес ќе ја зголеми довербата на граѓаните во системот и ќе овозможи поефикасно решавање на проблемите во областите Голо Брдо и Гора.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај
Координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху
vesnik-ilinden.com