Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонците во областа Гора и цело Република Косово, на пописот на населението од 5 април до 17 мај годинава да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик.
Жителите на областа Гора, и цело Република Косово не се ништо друго, освен етнички Македонци, се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од Македонскиот народ!
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и цело Република Косово, во намерите на престојниот попис да се попишат како етнички Бугари.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана потсетува дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија!
Пописот на Косово требаше да се одржи во септември 2023 година, па се одложи за 1 ноември 2023 година, за крај Владата на Република Косово одлучи пописот да се одржи од 5 април до 17 мај 2024 година заради спроведување на принципите на Евростат.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
Претседател Никола Ѓурѓај