Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права од Канада: Ние ќе ги платиме адвокатите за одбрана на македонската партија во Албанија

Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) – политичката партија која ги застапува правата на Македонците во Албанија, е тужена од страна на бугарска ултра-националистичка организација која отворено вели дека нејзина цел е да го избрише македонското малцинство во Албанија, како и македонската нација во целина.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги покрива трошоците за одбрана на МАЕИ во овој клучен судски спор, кој ќе влијае на опстанокот на македонското малцинство во Албанија, а ќе ја покриеме и тужбата што МАЕИ планира да ја поднесе против нив, како и тужбите против сите кои го напаѓаат македонското малцинство.

ММДЧП и МАЕИ ја повикуваат македонската заедница ширум светот да се обедини во одбрана на македонското малцинство во Албанија и на нашата заедничка македонска кауза така што ќе донираат тука: https://mhrmi.org/donations

Организацијата која што ја тужи МАЕИ е таканаречената фондација „Бугарска меморија“,која изгради криминална структура со цел присилино да ги асимилира Македонците во Албанија, да ги фалсификува резултатите од пописот, да учествува во нелегални активности во врска со бугарските пасоши и да издава лажни потврди за бугарско потекло.

МАЕИ повеќе пати од албанските власти побара да се забранат нелегалните активности на фондацијата „Бугарска меморија“ и нејзините напади врз македонските права, и токму тоа е причината зошто се најдоа предмет на тужба.

Бугарската Влада во целост ги насочува и финансира овие напади , додека македонските влади само стојат и гледаат.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права повторно застана во одбрана на Македонците и заедно со МАЕИ, го повторува нашиот повик до Македонците ширум светот да го сторат истото. Донирајте тука: https://mhrmi.org/donations

 

 

vesnik-ilinden.com