Маск истакна дека немал друг избор, околу отпуштањето на 3700 работници од Твитер

Американскиот милијардер и неодамнешен сопственик на Твитер Илон Маск се огласи откако отпушти околу 3.700 вработени во оваа компанија ширум светот.

Тој го прекина молкот за отпуштањата со објава на Твитер, каде што изјави дека компанијата губи околу четири милиони долари дневно, и дека бил принуден да отпушти голем број работници.
-Што се однесува до намалувањето на работната сила на Твитер, за жал нема избор кога компанијата губи повеќе од четири милиони долари дневно. Сите што беа отпуштени добија отпремнини од три месеци, што е за 50 отсто повеќе од законската обврска – напиша Маск на Твитер.

Да потсетиме дека по преземањето на Твитер, Маск отпушти девет директори, вклучувајќи го и извршниот директор Параг Агравал, шефот за финансии Нед Сегал и шефот за правни работи и политика Виџеј Гаде (Виџеј Гаде).

 

 

denar.mk