Маск објави дека Икс е под масовен кибернапад, изрази сомнеж дека сторителите се од Украина

Корисниците на X (поранешен Твитер) пријавуваат потешкотии при пристапот до платформата во текот на денот, и преку веб и преку мобилната апликација. Досега има пријавено проблеми од корисници од САД и Велика Британија, а проблеми имаа и корисниците во Хрватска.

Платформата за следење на прекини Downdetector има снимено повеќе од 40.000 извештаи за проблеми со X мрежата.

Корисниците на интернет добиваат порака: „Нешто тргна наопаку. Обидете се повторно да ја вчитате страницата.’ Сепак, ситуацијата почна да се стабилизира околу 16 часот и 30 минути. Сепак, подоцна X повторно падна и сè уште има повремени прекини.

Сопственикот на X, Илон Маск, изјави дека социјалната мрежа X е под „масовен сајбер напад“ и додаде дека нападот дошол од „повеќе извори“.

„Се случи масовен сајбер напад врз X (и се уште е во тек)“, напиша Маск и додаде. „Не напаѓаат секој ден, но ова беше направено со многу ресурси. Вклучени се или голема, координирана група и/или држава. Потрагата е во тек“, вели тој.

Маск ја испрати оваа порака на начинот на кој често го прави – пренесувајки ја објавата на корисникот DogeDesigner, кој исто така очигледно стои зад Маск, што го става нападот на мрежата X во контекст со нападите врз другите проекти на Маск – електричните автомобили на Тесла и Канцеларијата за владина ефикасност на САД, која исто така ја предводи Маск.