Мајката на малолетниот масовен убиец од Србија дала исказ во полиција, раскажала како се однесувал деновите пред масакрот

М.Кецмановиќ беше сослушана во полиција откако Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност наредило нејзино испитување за да се утврди дали го напуштила или малтретирала нејзиниот син пред тој да го изврши масакрот во училиштето, објави Република. 

Како што дознава „Блиц“, мајката на момчето низ солзи го опишала како болешлив и паметен и нагласила дека ништо не укажувало дека може да стане масовен убиец. Сега останува на обвинителството да открие колкава вистина има во нејзините зборови во продолжението на истрагата.

Деновите пред злосторството
Изворот на „Блиц“ вели дека пет дена пред масакрот Коста бил надвор од градот со другар и со неговата мајка. Таму заедно го поминале 1 мај, по што се вратиле во Белград.

Мајката рече дека момчето се вратило во Белград со другарот и мајка му, додека таа, сопругот и ќерката биле во друго возило. Момчето, како што рече, дошло дома еден час пред нив и се туширало кога пристигнал остатокот од семејството. Таа тврди дека не забележала промени во неговото однесување, вели соговорникот на „Блица“.

Ден подоцна, на 2 мај, момчето и неговата сестра не отишле на училиште, туку биле во посета кај бабата и дедотп, а вечерта се вратиле и заедно гледале филм.

Мајката се сеќава дека момчето во еден момент отишло во продавница да купи намирници, но дека и тој ден не видела ништо чудно во неговото однесување. Наводно, со родителите разговарал за филмот што го гледале и за други теми што го интересираат, вели изворот на „Блица“.

На денот на масовното убиство
Како што дознава „Блиц“, мајката рекла дека на кобниот 3 мај станала прва за да им направи појадок на децата. Нејзиниот сопруг отишол на работа, по што таа ги разбудила. Тврди дека и тогаш не забележала ништо чудно во однесувањето на нејзиниот син, освен што бил бавен за време на појадокот и при подготвувањето.

Тој наводно ѝ рекол на мајка си да не се грижи, бидејќи учителката знае да доцни. Мајката тврди дека потоа отишла да ја однесе ќерка си на училиште, а тој останал дома и самиот се спремал.

Еден час подоцна мајката слушнала за пукањето во училиштето. Таа во полиција изјавила дека мислела дека нејзиниот син е ранет во пукотницата и веднаш отишла во училиштето каде ја дознала вистината.

Мајката вели дека била избезумена, дека сè уште ѝ е тешко да поверува дека нејзиниот син го направил ова и инсистира дека ништо не укажувало дека вакво нешто можело да се случи. Таа истакна дека и самата чезнее за објаснување и одговори, вели изворот на „Блиц“.

Текстот во целост на: Република