Во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи. Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Related Posts
(ФОТО) На „Богородица“ се чека по еден час за излез од државава
Колони возила чекаат да ја преминат границата и да одат во Грција. Како што информираат од АМСМ на граничниот премин…
(ФОТО) 10 години од Пронаоѓањето на моштите на св. Јаков Тумански
20.10.2024 По повод 10 години од Пронаоѓањето на моштите на св. Јаков Тумански, во манастирот Тумане се отслужи Света Литургија…
Рецепт за леб кој може да го приготвите дома, со крцкава кора
Со малку труд и време и дома може да си приготвите леб кој е далку поароматичен, поздрав и повкусен од…