МВР за ракометарот: Тот бил донесен во болница во бесознание и без траги на насилство

Од Министерството за внатрешни работи велат дека хрватскиот ракометар Даниел Тот, не бил претепан, туку на КАРИЛ бил донесен во бесознание и срцева акција.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, се наведува во соопштението од МВР.