Утре (09.04.2022) во период од 09,00 до 12,00 часот, припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот. Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации.
Related Posts
Кошаркарите на Србија ја совладаа Германија и го освоија третото место на Олимпијадата во Париз
Српските кошаркари убедливо го совладаа тимот на Германија со резултат 93:83 и го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во…
Балтимор: По уривањето на мостот, од вода извлечени две тела
Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата. Полицијата на американската сојузна држава…
Ковачки до Пендаровски: Оставка веднаш, пред 2 години излажа дека ќе им помогнеш на болните од цистична фиброза, ништо не направи, а човекот кој го злоупотреби и се сликаше почина
Во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност беше сведок на трулоста на системот воден од ДУИ и СДС. Стево…