Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе Закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации со што не само ќе се спречи идно формирање на вакви квази културни клубови туку и ќе може да се реагира за веќе постојните кои власта на СДСМ дозволила да се регистрираат и е нивен соучесник. Ова го изјави денеска во Охрид пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, а по повод отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид. „Ова не се европски вредности. Затоа, уште денес на овие процеси мора да се стави крај. По, Ванчо Михајлов и Цар Борис III, неспорно е дека ќе продолжат обидите за ревидирање на историјата на Македонија и претставување на окупаторите како ослободители. На крајот на денот не се само Евреите, македонскиот народ памети колку жртви дал за ослободување од војските испратени од оној на кој денес во Охрид му се отвора културен центар“, изјави меѓу другото Мизрахи.
Радио Слободна Европа