Шест членови на Влада би припаднале на Коалицијата ВРЕДИ, двајца членови би припаднале на политичката партија ЗНАМ. Останатите членови на Влада би припаднале на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Топ Тема“ на Телма.
Принципиелно е да не се лиферуваат имиња до моментот додека не бидат потврдени со нив лично и со партиските органи, Извршниот комитет и Централниот комитет, појасни Милошоски образложувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не ги таи кои позициите би припаднале на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Милошоски додаде дека тој нема да биде дел од извршната власт. За него законодавниот дом е сосема доволен политички ангажман.
Во текот на гостувањето во емисијата Милошоски се осврна и на темата за користење на името на Македонија од страна на Сиљановска Давкова при што тој потсети дека таа во еден од ТВ дуелите се изјасни дека во вербална комуникација ќе го користи името Македонија.
Претседателката Сиљановска Давкова и идниот мандатар и премиер, Христијан Мицкоски за време на цела изборна кампања беа прилично јасни во тој дел. Во тој дел имаше и една изјава на една од телевизиските дуели на двајцата кандидати за претседатели каде што сегашната претседателка соопшти дека таа е легалист и се она што произлегува од потпишување на укази, објавување во Службен весник и се што е друго формална комуникација ќе се придржува кон новата реалност создадена во времето на склучувањето на Преспанскиот договор од страна на Димитров и Заев, но истовремено во нејзината вербална комуникација и односи со јавноста ќе го користи името Македонија. И сметам дека таа остана доследна на она што го изјави“, рече тој.
Тој посочи дека од друга страна се забележа дека има друга недоследност, а тоа е дека токму тие што го промовираа новото уставно име на државата и некогаш дури и пречесто го повторуваа во Собранието, на дебатните емисии и сл., и се забележа дека во изборната кампања дури претходниот претседател Пендаровски, претходниот премиер Ковачевски, па и други се почесто знаеја колоквијално да го користат само името Македонија. Не беше конзистентно според она што тие го имаа најавено и промовиран