Министерката за финансии на САД предупреди на опасност од финансиска криза

Американската министерка за финансии Џенет Јелен го предупреди претседателот Џо Бајден да го зголеми или укине лимитот на долгот, со цел да се спречи можна финансиска криза во САД, јавува Анадолу.

Јелен истакна дека американското Министерство за финансии нема да може да продолжи да ги исполнува сите обврски на Владата од почетокот на јуни.

„Невозможно е со сигурност да се предвиди точниот датум кога Министерството за финансии нема да може да ги плати сметките на Владата“, рече Јелен.

Претседателот на САД свика состанок за 9 мај за да се разговара за ова прашање. Лимитот на долгот е подигнат или менуван 78 пати од 1960 година.

„Чекањето до последен момент за укинување или зголемување на лимитот на долгот може сериозно да ја оштети деловната и потрошувачката доверба, да ги зголеми краткорочните трошоци за задолжување за даночните обврзници и негативно да влијае врз кредитниот рејтинг на САД“, рече Јелен, споменувајќи ја претходната криза.

Таа додаде дека ако Конгресот не го зголеми лимитот, оваа ситуација може да предизвика сериозни тешкотии за американските семејства, да ѝ наштети на глобалната лидерска позиција на земјата и да ја доведе во прашање способноста на САД да ги бранат своите национални безбедносни интереси.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.