Министерот не се одделува од својата сопруга!

Младиот министер на социјалните мрежи често споделува заеднички фотографии како од приватниот живот, така и од официјалните посети на некои настани.

Така беше и овој пат кога објави неколку фотографии од настанот по повод националниот ден на Словенија и словенечката армија, а на кој беше заедно со својата убава сопруга Андријана Николовска.

Андријана за оваа свечена пригода избра да носи елегантен фустан во пудра нијанса и високи потпетици во слична боја, додека целото издание го заокружи со шарена марама што ја носеше преку рамениците и црвена плико чанта со која го „подигна“ целото издание на повисоко ниво.

Инаку, Андријана е во брак со министерот од март 2020 година, а на нивната свадба беа бројни функционери од владејачката партија.

 

glamur.mk