Мисајловски и Лафчиски во посета на Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња

Денес, заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, го посетивме Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисаловски.

Имавме можност одблизу да се запознаеме со нивната мисија, задачите и предизвиците со кои се соочуваат, како и да проследиме импресивна презентација на обучените службени кучиња во акција. Центарот има клучна улога во зачувувањето на безбедноста и јавниот ред, а нивната посветеност во обуката на кучиња за откривање наркотични супстанции, заштита на јавни личности и спасувачки мисии заслужува огромно признание. Голема благодарност до сите припадници на оваа единица за нивниот професионализам и пожртвуваност. Вистински херои на нашето општество! Истакна Мисајловски.