„Во текот на вчерашниот ден до Собранието поднесовме предлог на Кодекс за престанување на важење на Кодексот за етничко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија. Зошто го поднесовме ова? Имено, сведоци сте и вие, а и македонската јавност во текот на вчерашниот ден дека нешто кое што го работиме заедно со нашите меѓународни пријатели подолг временски период, а тоа е уредување на односите, уредување на работата на пратениците во Собранието, дојде на ред да го ставиме на тест. И на првиот наш тест на ова барање на очиглед на целата македонска јавност, на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ прво три недели се бегаше од темата и се чекаше истата да спласне. Но, кога видоа дека јавноста е многу револтирана и дека елементите за поднесување и барање за разгледување на одговорноста по однос на неговото поведение на одреден пратеник се навистина големи , побаравме точка на Дневен ред на Комисијата за мандатно имунитетни прашања. Претседателот на Комисијата немајќи каде по неколкудневно бегство од медиумите ја закажа оваа Комисија и видете за чудо истиот тој кој што даде предлог точка на Дневен ред гласаше против таа точка на Дневен ред“, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Мицевски додаде дека би било подоблесно претседателот на Комисијата да речеше дека нема да е присутен на седницата од оправдани причини отколку тоа што го стори вчера.
„Но, овој што го предложи Дневниот ред по однос на Етичкиот кодекс и барање на одговорност по него да гласа сам против себе навистина е малку за дискусија и малку дегутантно. Од таа причина гледајќи дека ова нема да профункционира, гледајќи веќе кога се наоѓаме во ситуација кога имаме еклатантен пример на непочитување на Деловникот, службениците, колегите, побаравме да се дискутира за тоа, одлуката е на крај индивидуална. Меѓутоа дискусија мораше да има. И ние се доведовме до ситуација да владиното мнозинство реши да не се дискутира на темава“, нагласи Мицевски.
Мицевски посочи дека на оние на кои што устата им е полна со транспарентност гласаа против да се отвори темата за Џафери.
„Барам Кодексот да биде ставен како точка на Дневен ред“, побара Мицевски.
Кодексот не беше ставен на Дневен ред, појаснување на спикерот Талат Џафери е додека не се преведе нема да се стави на Дневен ред.
извор: ВМРО ДПМНЕ