Благодарност до директорот, персоналот на Клиниката, министерот, заменикот, директорот на Фондот, до сите оние коишто имаат свој дел во сето ова што се прави во здравството. Знам дека ова се можеби мали чекори, но големи во смисла дека години наназад ништо не е направено, но секако чекори коишто нѐ доближуваат да бидеме се поблиску до квалитетот којшто треба да го почувствуваат граѓаните кога ја добиваат здравствената нега.
Продолжуваме и понатаму со истата динамика и во периодот којшто следи. Интензивно планираме да инвестираме во здравството, тука е Клиничката болница во Штип, заедно со Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип. Тука е болницата во Кичево, заедно со Здравствениот дом. Како и Клиничката болница и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово.



