Градиме стабилен и отпорен финансиски систем, усогласен со европските стандарди. Нашата политика е јасна, силни институции, транспарентност и одговорност. Во соработка со Народната банка и со сите релевантни институции, работиме на унапредување на регулаторната рамка, зајакнување на надзорот и поддршка на дигиталната трансформација.
Во исто време, Владата реагираше навремено и одлучно за да ги ублажи директните удари врз граѓаните и економијата. Донесовме мерка за намалување на ДДВ-то за бензините и нафтата, со што директно се влијае на намалување на ценовниот притисок врз домаќинствата и стопанството.
Денеска имаме редовна владина седница и ќе разгледуваме и други мерки коишто мислиме дека ќе бидат корисни во таа насока.
Денес, повеќе од кога било, ни е потребна координација меѓу централните банки, владите и меѓународните партнери. Глобалните предизвици бараат заеднички одговори. Само преку соработка можеме да изградиме систем кој ќе биде стабилен, иновативен и подготвен за иднината.
Стабилноста е темел, иновацијата е двигател, а отпорноста е гаранција за иднината.


