Никој не води сметка за индустријата во Македонија која набавува скапа струја на слободниот пазар. „Фени“ ги исклучи печките, Бучим не работи од 1 септември, „Макстил“ работи само со 20 отсто од капацитетот… Тоа се должи на високата цена на струјата која овие фирми ја набавуваат на слободниот пазар. Оваа земја ќе остане без огромен дел од парите од извозот. Само „Фени“ и „Бучим“ годишно извезуваат производи во вредност од околу 500 милиони евра. Владата планира да работи и третиот блок на РЕК, да го вклучи ТЕЦ Осломеј и 2 турбини во ТЕЦ Неготино, плус хидропотенцијалот за да ги задоволи потребите – посочи на денешниот брифинг претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објаснувајќи го предлог планот на опозицијата за излез од енрегетската криза кој е доставен до Владата, објави Република.
Според информациите ЕУРОНИКЕЛ (поранешно ФЕНИ) од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството. Утрово се одржал состанок на менаџерскиот тим, на кој се донела одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата.
Мицкоски рече дека се нуди, преку нивни партнери во земјите од ЕУ, да помогне во набавка на мазут по пониска цена за оние компании на кои им е потребна струја.
Преку нашите партнери се обидуваме да обезбедиме мазут за околу 200 евра, оригинална цена по тон. За потребите за струја за домаќинствата преку ЕВН Хоум, преку а нашите партнери од Швајцарија, Германија и Чешка кои соработуваат со Гаспром, ќе се обезбеди енергија за Те-то која ќе се употреби за парно греење на скопјани. При производството на електрична енергија во Те-то, гасот е нус производ – рече Мицкоски.
Додаде дека, со сите овие предлози државата ќе заштеди околу 300 милиони евра.Јас само нудам да им овозможам контакт со партнери од Западна Европа, инаку Владата нека го спроведе тоа, нагласи Мицкоски.
Тој потсети дека планот на ВМРО-ДПМНЕ за излез од енергетската криза е резултат на двонеделни интензивни средби со бизнис заедницата и стопанските комори, а целта е да им се помогне на компаниите кои немаат финансиска кондиција поради високите трошоци за електрична енергија.
извор: Република.