Премиерот Христијан Мицкоски денес најави дека од понеделник почнува акција против корумпирани судии и обвинители. Тој нагласи дека нема да функционираат како „естрада“ и да се понижуваат поединци, нема да се ангажираат специјални полициски единици при имплементација на планот кој ќе почне да се спроведува од понеделник.
„Мислам дека имате претстава дека не функционираме како естрада и сигурно дека нема јас сега да кажувам како што тоа во минатото се случуваше пред камери или пред медиуми и да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе, индивидуи итн. Имаме план, од понеделник почнуваме со имплементација на планот. Доволно беше чекање, чекавме, дадовме шанса, доволно беше. Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареја, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност итн. кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители, за жал“, изјави Мицкоски.
Тој и деновиве во повеќе наврати посочи дека е разочаран од однесувањето на поединци и неможноста за спроведување на правдата.
„Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, Мицкоски пред два дена по посетата на КОСТАЛ Македонија, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“, кажа Мицкоски.