Мицкоски: Судиите и обвинителите се назначени од оние кои станале политички криминалци

Премиерот Христијан Мицкоски преку „Фејсбук“ статус се обрати за да посочи дека отпатувал за Вашингтон за да се бори за Македонија.

Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: Ние се бориме против нив, и тоа одлучно.

Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.

Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале, пишува Мицкоски.