Секој хуман потег е вреден да се спомене, но кога тоа го прават деца, треба да се поклониме до земја. По деветгодишниот Максим Каески, кој неколку години ја пуштал својата коса за да ја донира на деца болни од рак, уште една мала хероина ја донираше својата коса во истите цели, објави „Струмица денес“ на својот фејсбук-профил.
Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак. Големо дело од малата хероина, која со целост ја заслужува нашата почит и благодарност, за тоа што е достоен пример за сите нас.
foto FB