Во СС „Головец“ во Целје, Словенија нашата младинска селекција под водство на селекторот Раде Стојановиќ, славеше победа против селекција на Франција со резултат 29:30 и настапот на ЕП го заврши на 9-тото место.
Субашевски и Митев дадоа по 6, Узунчев додаде 5, а Мирче Калајџиески даде 4 гола. Голманот Иван Галевски одбрани клучен пенал по истекот на времето со што ја потврди големата победа.