Постери со кои се бара крај на присилната промена на името во „Северна Македонија“ и враќање на вистинското име на Македонија се проширија низ Македонија. Кликнете тука и тука да видите галерија со фотографии, а дополтнителни фотографии има на нашите страници на социјалните мрежи (линкови подолу).
Англискиот превод на пораката е: Илегален закон не е закон. Нема веќе изговори. Нашето име е МАКЕДОНИЈА. „Договорот од Преспа“ лесно може да биде раскинат.
„Договорот од Преспа“ (присилниот и незаконски договор за промена на името) ни беше наметнат од Соединетите Американски Држави, со цел да и се помогне на Грција да го искорени постоењето на Македонците како етничка група. Во замена за тоа, Грција го крена своето вето за кандидатурата за членство на Македонија во НАТО со што дополнително се зацементира американската хегемонија во регионот.
Дополнително, Грција го користи „Договорот од Преспа“ за да ги прикрие огромните кршења на човековите права и масовните убиства што ги изврши врз домородните етнички Македонци по нејзината анексија на Егејска Македонија во 1913 година.
САД го инсталираа режимот на Зоран Заев во 2016/2017 година, покренувајќи ја присилната промена на името, вршејќи постојано кршење на македонското и меѓународното право и бруталното ги задушуваа протестите против масовното кршење на човековите права на Македонците.
Од изборот на новата влада во Македонија во 2024 година, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и Македонците низ цела Македонија и ширум светот, побараа од владата да го прогласи незаконскиот „Договор од Преспа“ за ништовен и со тоа да го врати вистинското име на Македонија.
Како што ММДЧП директно им пренесе на претседателката Силјановска, на премиерот Мицкоски, на сите македонски политичари и на лидерите и политичарите на нациите ширум светот: илегален закон не е закон.
ММДЧП ги отфрла сите изговори кои ги користеа македонските политичари кога воопшто ги почнаа и водеа преговорите за името на Македонија, а сега ги користат за да го одбијат барањето да се поништи промената на името. Изјавувањето дека ќе го „почитуваат Договорот од Преспа“ е целосно предавство на Македонците и на демократските вредности и принципите за човекови права кои западните лидери тврдат дека ги поддржуваат. Повикувањето на европското и меѓународното право само го потврдува правото на Македонија на самоопределување, а не значи дека треба да продолжи кршењето на нашите права.
vesnik-ilinden.com