Министерството за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопшти денеска МНР во врска со одлуката да не се дозволи прелет преку нашиот воздушен простор на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше да отпатува во посета на Србија.
Одлуки за забрана на прелет на авионот на Лавров преку нивните воздушни простори донесоа и Бугарија и Црна Гора, поради што посетата на рускиот министер за надворешни работи на Белград, предвидена за денеска и утре, беше откажана.
Радио Слободна Европа