Меѓународната спелеолошка експедиција некое време истражува 15 јами на Велебит и во тој период забележала дека мразот во неговото подземје забрзано се топи, пишува Index.hr.
Експедицијата утврдила дека во јама Лука, која во изминатите 22 години била целосно затворена со мраз на длабочина од 70 метри, се отворил премин кон подлабоките делови. Причината е топењето на мразот кое е поврзано со климатските услови.
Членовите на експедицијата тврдат дека мразот за кој се проценува дека е стар половина милениум, а на некои места и постар, исто така се топи и во други јами. Сето тоа е поврзано со климатските услови на Велебит во изминатите две години.
Целта на експедицијата е следење и попис на длабоките јами и нивните геолошки, биолошки и климатски својства, а се истражуваат и други надворешни влијанија врз чувствителните карстни екосистеми, кои се значајни поради ендемската фауна Велебит и подземните води во Велебит што се движат низ околните карстни извори.
Експедицијата се одвива во заштитени природни резервати, во Хајдучки и Рожански кук, кои се дел од Националниот парк Северен Велебит. Активностите се насочени кон јамата Недам, каде во јуни беше достигната длабочина од 1.335 метри. Тоа е втора најдлабока јама во Хрватска и воопшто во Динарскиот карст, веднаш по системот на јамата Лука, кој е длабок 1.431 метар.
index.hr