Особена чест и задоволство беше да се има средба со карате клубот Олимпик 2007 кој функционира на територијата на Општина Аеродром. На последното државно првенство за сениори, женскиот тим од клубот го освои првото место во Република Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Аееродром Тимчо Муцунски.
Во продолжение ја пбјавуваме објавата во целост:
Овој пат клубот заедно со Општината Аеродром ќе го промовира каратето и македонскиот спорт на европското првенство за сениори во Газиантеп, Турција, каде учество ќе земат четворица натпреварувачи од овој клуб: Вероника Костовска, Марија Милева, Симона Симовска и Фахик Весели, а на европското првенство за младинци кое ќе се одржи во Прага, Чешка, боите на Македонија ќе ги бранат Магдалена Божиноска, Марија Милева, Ива Пецевска, Марио Свинарски и Матеј Белистојаноски. Нивниот успех се темели на големата посветеност на тренерите на клубот Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски кои во постојана соработка со нашата општина.
Спортистите во Општина Аеродром имаат партнер која дава неизмерна поддршка за развој на македонскиот спорт! Да им посакаме среќа и да се надеваме дека ќе се вратат со медал и уште еден успех за Општина Аеродром и Република Македонија!