На Гренланд пронајдени бројни пукнатини кои ја доведуваат во опасност целата Земјина топка

Тоа значи дека ова копно се отцепува побрзо отколку што претходно мислеа научниците, пишува LiveScience.

Повеќето од овие пукнатини се наоѓаат околу рабовите на ледената покривка, од каде што го испуштаат стопениот мраз во океанот. Покрај тоа, пукнатините ја туркаат топената вода и топлината под глечерите на копно, а научниците веруваат дека тоа може да доведе до домино ефект кој би предизвикал катастрофално топење на тие глечери и зголемување на нивото на морето.

Ледената покривка покрива околу 80 отсто од копното на Гренланд и е дебела 3 километри во најгустата точка. Водата генерирана од топењето на овој мраз веќе е главен извор на покачување на нивото на морето, кое се зголеми за 14 милиметри од 1990-тите, вели во видеото Томас Чадли, глациолог од Универзитетот Дурам и главен автор на студијата.

Топењето води до побрз проток на вода по падините и долините, што дополнително ја разредува ледената покривка, објасни тој.

„Како што топењето се забрзува, можеме да очекуваме формирање на нови и уште подлабоки пукнатини“, рече тој.

Во една студија објавена во Nature Geoscience, тие споредија 3Д мапи на пукнатини од 2016 и 2021 година и открија дека пукнатините се зголемиле за 25 проценти.

– Како што растат пукнатините, тие хранат механизам кој забрзува сè. Процесот би можел да го забрза протокот на мраз и да доведе до домино ефект кој може драматично да го стопи мразот на Гренланд, вели Јан Ховат, професор по глациологија на Државниот универзитет во Охајо.

Претходните пресметки покажуваат дека доколку се стопи ледената покривка на Гренланд, нивото на морето би се зголемило за 7 метри, со што ќе се загрозат милијарди луѓе ширум планетата.

„Ако продолжиме по сегашната патека, би можеле да видиме зголемување на нивото на морето за 10 или дури 20 метри само поради Гренланд и Атлантикот“, рече Чадли.

 

 

vecer.mk