На зајдисонце во Занзибар Ведрана го кажа судбоносното „да“ на својот партнер

Познатата македонска водителка Ведрана Ѓорѓевиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Андрија Антиќ од Србија, во јавноста попознат како диџеј Ендрју Милер.

Андреј jа запроси својата сакана во Занзибар, а моментот којшто го овековечиле со фотографија е навистина романтичен поради тоа што се случил на зајдисонце.

Парот среќната вест ја споделил на социјалната мрежа Инстаграм, а под неа има опис:

„Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“.

 

tocka.mk