На хрватската граница откриен чипс произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид

На хрватската граница бил откриен прехранбен производ произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид.

Како што е потврдено од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија.

Производот, како што пренесуваат медиумите во соседствот не влегол на хрватскиот пазар и истиот бил уништен.

Земјата на пријавување е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, јавува „N1“ Загреб.

Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Според хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

фото: Архива