Продолжуваат обидите за спасување од земјотресот во Мароко каде животот го загубија над 2.000 луѓе.
Земјотресот кој во петокот удри југозападно од Маракеш беше со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, најсилен досега во Мароко што предизвика да се срушат цели села и градови.
Според информациите на Владата досега има 2.012 мртви, а повеќе од 2.059 се повредени, кај многу од нив ситуацијата е критична.
Мароко прогласи три дена жалост за време на кои државното знаме ќе биде спуштено на половина копје, соопштија од кралскиот двор. Вооружените сили веќе ги обезбедија погодените предели со вода за пиење, храна, шатори, а своја помош испратија и Израел, Франција, Шпанија, Италија и САД.
Алжир со кого Мароко не беше во добри односи го отвори воздушниот простор по речиси две години за да може да стига хуманитарната помош.
Според последните информации, најмногу жртви има во епицентарот на земјотресот, провинцијата „Ал-Хауз“, каде животот го загубиле 1293 луѓе.
извор:
фото:АП