Нападната екипа од Турција која снимала во Скопје

Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело да го спречи сторителот да избега.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: МВР