На Клиниката за гастроентерохепатологија започна реализацијата на напредни интервенции кои се изведуваат за прв пат во нашата држава. Денеска беа успешно спроведени првите минимално инвазивни процедури, кои ја заменуваат класичната хирургија со прецизна технологија.
Меѓу новите методи се:
- LAMS (Endoscopic Stenting): поставување на специјални метални стентови за внатрешна дренажа, на пример кај цисти, без потреба од класична операција.
- SpyGlass™ (Холангиоскопија): напреден систем за директна визуелизација на жолчните канали за прецизна дијагностика, биопсија и третман кај малигни заболувања.
Процедурите се изведени под менторство на проф. д-р Петко Караѓозов од „Аџибадем Сити Клиник“ – Софија, Бугарија, во соработка со тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија: Мери Трајковска, Емилија Николовска, Владимир Андреевски, Елена Цуракова, Ѓорѓи Дерибан и останатите колеги.
Оваа новина го приближува нивото на здравствените услуги во земјата до светските стандарди и ги унапредува можностите за третман на пациентите.




