Настани на денешен ден, 31 октомври

1890 Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.

1905 За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание

1918 Со капитулацијата на Турција, која во Првата светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманското Царство.

1938 Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој.

1945 Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.

1967 За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос – 186“ и „Космос – 188“.

1973 Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.

1974 Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски шампион.

1975 Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко.

1983 Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.

1993 Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.

1994 Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот.

1995 Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада.

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија