ПАРИЗ (АА) – НАТО и западните земји се согласија да испратат воена помош за Украина која веќе петти ден се соочува со руските напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјите на НАТО ќе испратат илјадници противтенковски и стотици проектили за противвоздушна одбрана во Украина, како и муниција.
Исто така, земјите од ЕУ одобрија снабдување со оружје на Украина во вредност од 450 милиони евра и заштитна опрема во вредност од 50 милиони евра.
Друга важна одлука на ЕУ е да ја поддржи украинската Армија со борбени авиони и гориво.
САД ќе ѝ дадат на Украина 350 милиони долари во оружје, вклучително и противтенковско оружје.
Државниот секретар Ентони Блинкен го одобри потегот. Со ова, американската поддршка за Украина во последната година надмина милијарда долари.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).