Службата на ЕУ за климатски промени потврди дека овој септември бил најтоплиот од почетокот на мерењата. Тој следувуваше по рекордно топлото лето. Со тоа 2023 е на добар пат да стане најтопла година во историјата.
Тековната година е на пат да стане најтопла досега, соопшти Службата за климатски промени на Европската унија, Коперник.
Најтоплиот септември забележан на глобално ниво следеше по летото со рекордни температури годинава, објави Коперник.
Температурите во септември годинава беа за половина степен повисоки од претходниот најтопол септември во историјата и речиси цел степен повисоки од просечниот септември помеѓу 1991 и 2020 година.„Температурите без преседан за овој период од годината забележани во септември – по рекордното лето – урнаа нови рекорди“, изјави Саманта Бурџис, заменик директор на Службата за климатски промени Коперник.
Температурите во 2023 година сега се на пат да бидат 1,4 степени над просечните температури од прединдустрискиот период, рече Бурџис.