Најголемо покачување на пензиите во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста, меѓу другото најави и зголемување на пензијата. Тој рече дека пензионерите наскоро ќе можат да добијат пензионерски картички кои ќе им овозможат различни поволности.

По тој повод рече дека во октомври и јануари веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, над 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања.

„Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници“, рече Вучиќ.

Вучиќ потсети и дека наскоро ќе започне и аплицирањето за помош на родилки во износ од 10.000 динари (85,30 евра), кое ќе трае до 20 септември.

Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.

 

фото: Архива