Операцијата за пребарување и спасување започнала рано утрово. Оттогаш, спасувачите извлекле 17 тела од три места на лизгање на земјиштето во областа Ахам, изјави локалниот претставник Дипеш Ријал.
„Извадовме единаесет луѓе кои беа живи закопани во калта, од кои на тројца им беше потребна медицинска помош поради сериозни повреди“, изјави Ријал за ДПА.
Тој исто така рече дека во моментов се трага по најмалку 6 лица кои се пријавени за исчезнати. Во Непал поради планинскиот релјеф и големите реки чести се природните катастрофи.
vesnik.mk