Најмалку 28 загинати, расте бројот на жртвите од експлозијата во рудникот во Турција

Турскиот министер за здравство соопшти дека најмалку 28 рудари загинале во експлозијата во рудникот во Бартин.

Правиме се што можеме да ја подобриме состојбата на 11-те хоспитализирани пациенти“, рече Фахретин Коча.

Во експлозијата во рудникот за јаглен во провинцијата Бартин, на северот на Турција, животот го загубија 28 лица, а десетици останаа заробени под земја.

Експлозијата се случила на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15 часот и 15 минути, соопшти кабинетот на гувернерот Бартин.

Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја.

makfax.com