Најмалку пет лица загинаа во пад на туристички авион на југоистокот на Франција, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата и спасувачките служби.
Несреќата се случила во департманот Изер, во француските Алпи.
Авионот, кој припаѓал на локален авиоклуб, бил на прв лет и полетал од аеродромот Верси, недалеку од Гренобл.
Пронајдени се пет јагленосани тела и засега не се потврдени сомнежите дека меѓу нив има и дете, наведува ТВ БфМ.
извор: ТВ БФМ
фото: Schulz/DPA
фото ФБ: