За вчерашниот однос на министерот за економија, Крешник Бектеши кон новинарите, се огласи професорката Мирјана Најчевска која на Фејсбук побара негово разрешување од функцијата.
„Ова не е просто вербален напад на новинар/и, ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот (право на информирање).
Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата.
Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања.
И многу ме интересира што си замислуваат високите функционери во нивните глави? Зошто служат новинарите?
Да ги слушаат и да паѓаат во несвест од нивната мудрост?
Да ги пренесуваат нивните бесценети пораки до граѓаните?
Да им прават реклама?
Навистина ме интересира.
Јас ете не можам да влезам во токот на мислите кој би довел до една ваква изјава, пишува Најчевска.
Бектеши, вчера на прес-конференција, наместо на одговори зошто државата плаќа поскап гас, рече дека новинарите не се тука да коментираат.