Најчевска: Странските државници кон Ковачевски, Маричиќ и Османи се однесуваат како кон милениче кое го тапкаат по главата кога ќе ја послуша командата

Професорката Мирјана Најчевска смета дека странските државници кога се среќаваат со македонските претставници на власта кон нив се однесуваат како кон милениче кое го тапкаат по главата и го фалат кога ќе ја послуша командата. Но, според професорката, надвор од очите на јавноста, миленичето е непослушно и си тера по свое.

Не гледам Ковачевски, Маричиќ и Османи на било која од средбите кои ги имаат со претставници на други држави да ги претставуваат потребите и барањата и загрижите на граѓаните кои ги претставуваат.
Тие само се согласуваат со се што ќе кажат соговорниците и ја цинкарат опозицијата.
Имам впечаток дека странските државници веќе не се однесуваат кон нив како кон нерамноправен партнер туку како кон милениче кое го тапкаат по главата и го фалат кога ќе ја послуша командата од дресурата. Седи, лежи, моли, дај шепа, …
Се разбира ова е за пред публика.
Надвор од очите на јавноста миленичето продолжува да моча по килимот и да ги крие коските џапнати од масата под намештајот, пишува Најчевска.

извор: ФБ Мирјана Најчевска