Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Дваесети и шестгодишната девојка од Кавадараци, чие безживотно тело завчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип, неофицијално е ќерка на жената која лани во Кавадарци уби маж и го запали неговиот труп.

За девојката од Кавадарци е познато дека во Штип престојувала како потстанар.

Засега нема официјални информации за обдукцијата. Неофицијално, според информации на „Скопјеинфо“, таа дошла во Штип во посета на својата мајка која одлежува казна во тамошниот затвор.

СВР Штип работи на расчистување на случајот.